Home Вебкафе Колекционерско лудило: Кинеска вазна продадена за 10.000 пати повисока цена од бараната

Колекционерско лудило: Кинеска вазна продадена за 10.000 пати повисока цена од бараната

Кинеската вазна чија вредност беше проценета на најмногу 800 швајцарски франци (околу 700 евра), на аукција во Женева беше продадена за 5 милиони франци (околу 4,3 милиони евра).

Вазната со големина од 58 см е насликана со три сини змеја на жолта позадина. Потекнув аод 20 век, но има непроверена ознака од периодот на Кианлонг од 18 век.

За вазната се наддаваа двајца луѓе кои беа убедени дека оригинално потекнува од 18 век. Аукционерот од куќата Encheres изјави дека било тешко да се утврди од кој период потекнува вазната. Конечната цена која беше исплатена за вазната е 10.000 пати поголема од нејзината каталошка цена.

Победник е аукционерот кој лицитирал преку телефон. Со ова е соборен претходниот рекорд кој го држеше статуа од Буда продадена за 550.000 швајцарск франци (474.788 евра).

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Маса за една личност: Зошто вистинското уживање е да јадеш сама во ресторан?

Од општествена осуда до вистинско уживање во времето на самотија Сѐ почесто, психолозите и…