Home Шоубизнис Ниту еден кандидат не помина: Македонија без кандидат за Оскар

Ниту еден кандидат не помина: Македонија без кандидат за Оскар

Ниту еден од пријавените филмови не ги исполнува естетските и наративните критериуми за да биде македонски кандидат за Оскар, од неанглиско говорно подрачје, одлучи Комисијата за избор на македонски кандидат за Оскар.

Како што соопшти Друштвото на филмски работници, Комисијата одлучила ниту еден од пријавените кандидати, „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар Митевска и „Златната петорка“ на Горан Тренчовски да не ја претставува Македонија во трката за Оскар од неанглиско говорно подрачје.

Претседател на Комисијата за избор на македонски кандидат е продуцентот Роберт Насков, а членови се Вардан Тозија (режисер), Иван Бартлинг (сценограф), Марија Апчевкса (режисер), Роберт Јанкулоски (директор на фотографија), Атанас Георгиев (монтажер) и Жаклина Крстевска (костимограф).

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Прв Ден на благодарноста без Ар Џеј Мите: Мајка му со потресна порака за починатиот син

Дајна Мите го одбележа првиот Ден на благодарноста по смртта на нејзиниот син, актерот Ар …