Home Актуелно Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од ТМРО се води како починато лице

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од ТМРО се води како починато лице

Од партијата ТМРО, на Ванчо Шехтански, се сомневаат во изборни нерегуларности затоа што нивниот кандидат за градоначалник на Општина Аеродром се води како починат.

На барањето за издавање на уверение за неосудуваност во Основниот суд Битола, од ТМРО добиле писмен одговор дека лицето е починато.

„Иако човекот е жив и здрав“, велат од партијата.

На овој начин на кандидатот И.П., додаваат од таму, му било оневозможено поднесување на кандидатура.

„Уште непочнати, локалните избори упатуваат на сериозни нерегуларности, кои директно влијаат на изборниот резултат“, додаваат од таму.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…