Home Актуелно Предлог закон за регулирање на работниот однос на пазарџиите

Предлог закон за регулирање на работниот однос на пазарџиите

Власта подготвува предлог закон за трговија на зелени пазари со кој се предвидува регулирање на, како што пишува, правните празнини во Законот за трговија со кој се уредува продажбата на пазарите во земјава.

Овa законско решение по скратена постапка има за цел во законска рамка да ги уреди сите прашања со кои се прецизираат условите и начинот на вршење трговија на зелените пазари, субјектите кои може да вршат трговија, условите и начинот на организирање, евиденцијата на трговците, правата и обврските на трговците и организаторите на зелените пазари.

Статусот на лицата кои досега работеле на зелените пазари ќе биде уреден и нивниот работен однос ќе биде законски нормиран. Со предлог законот ќе се постигне намалување на бројот на невработеноста и на голема категорија на лица трговци на зелени пазари што вршат трговија на мало на тезги и пазар, пишува во образложението.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…