Денес на дневен ред интерпелациите за Царовска и Николовски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интерпелациите за министрите за земјоделство и за труд и социјала, Љупчо Николовски и Мила Царовска денес попладне ќе бидат на дневен ред на првото продолжение на вчерашната собраниска седница.

Интерпелацијата за Николовски ја поднесоа Зоран Илиоски, Никола Мицевски, Љупчо Димовски, Весна Пемова и Ванковер Манчев од ВМРО-ДПМНЕ, а како причина ги наведоа пожарите низ земјава. Николовски, според нив, немал капацитет да се справи со настанатата ситуација на терен и дозволил состојбата да ескалира во граници кога е мошне тешко да се контролира, а истовремено штетите достигнаа до алармантно ниво.

Предлогот за интерпелација пак на Царовска го потпишаа пратениците Владимир Ѓорчев, Благица Ласовска, Димитар Стеванџија, Слаѓана Митовска и Павлинче Честојнова. Ѓорчев тогаш образложи дека причина за интерпелацијата се Стратегијата за мигранти, беглаци и странци 2017-2027 и Акциониот план со 71 проект за мигранти, странци и бегалци во Република Македонија само во 2017 година.

Инаку, вчера Парламентот ја отфрли интерпелацијата на министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Но, после денешните интерпелации, остануваат уште три други, заминистрите за финансии, култура и здравство, Драган Тевдовски, Роберт Алаѓозовски и Арбен Таравари.