Home Актуелно Осуммина странци повредени во две сообраќајки кај Куманово

Осуммина странци повредени во две сообраќајки кај Куманово

Осум лица се здобиле со телесни повреди во две сообраќајни незгоди кои се случиле утринава по 10 часот во кумановско, едната кај клучката за автопатот во Којнаре, а втората во населба Карпош. Информацијата ја потврдија и од кумановската болница каде на повредените им била укажана лекарска помош.

На две одделни локации се имаат случено две сообраќајни незгоди и тоа во скоро исто време со многу мало временско растојание. Донесени се вкупно осум пациенти во едната има тројца повредени, во втората пет повредени, од кои ниту еден не е задржан на хоспитално лекување. Има еден тешко повреден во осумте пациенти кои ни се донесени со Итната медицинска помош и тоа со фрактура која конзервативно засега ќе се третира, изјави Стефан Трајановски, дежурен хирург при Општа Болница Куманово.

Како што информираат од СВР Куманово, една од сообраќајните несреќи се случила околу 11:35 часот кај .тн. Нато клучка, кога патничко моторно возило „Форд“ со француски регистарски ознаки, управувано од Х.И роден 1958 година, инаку државјанин на Турција, исклучувајќи се од автопатот кон магистралниот пат не дал првенство на минување на возило марка „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од А.А. роден 1993 година при што директно удрил во него.

Сите повредени по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…