Home Вебкафе Нарко гулаб во затвор: Полицијата во Аргентина уби птица која му носеше дрога на затворениците

Нарко гулаб во затвор: Полицијата во Аргентина уби птица која му носеше дрога на затворениците

Птицата на себе имала мал ранец со 44 таблети седатив, 7.5 грама марихуана и УСБ диск.

Аргентиснката полиција го уби гулабот писмоносец кој доставуваше дрога во затвор, наведе управата на затворот во градот Санта Роса.

Би-Би-Си пренесува дека полицајците откриле дека птицата на себе имала мал ранец со 44 табалети седатив, 7,5 грама мархуана и УСБ диск.

Тој начин на криумчарење и порано е забележан и се истражува, известува весникот Кларин.
Во тој весник е објавена сликата од мртвиот гулаб.

Аргентинската затворска управа во 2013 год. предупредила дека криумчарите користат гулаби кој прават 10 до 15 летови дневно.

Кларин наведува дека после истрагата од 2013 год. уапсени се тројца луѓе и запленети се 15 гулаби.

Порано оваа година во Кувајт е фатен гулаб кој носел 178 таблети дрога кетамин.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Трејлерот за третата сезона на „Еуфорија“ конечно е објавен – еве што сè се знае досега

Росалија ќе се појави во гостувачка улога, а култната ХБО драма се враќа поцрна, позрела и…