Home Актуелно Од денес нема да се плаќа повторното поднесување пријава во Катастар

Од денес нема да се плаќа повторното поднесување пријава во Катастар

Граѓаните кои од страна на Агенцијата за катастар на недвижности се одбиени по било кој основ од денеска нема повеќе да плаќаат надомест за повторно поднесување на пријава.

Тоа значи дека од денеска се укинува плаќањето за повторно поднесување пријава во Агенцијата за катастар на недвижности.

Директорот на Катастарот Борис Тунџев по минатонеделната средба со министерот за транспорт и врски изјави дека работат на адаптирање на електронскиот шалтер којшто треба да ја овозможи реализацијата на оваа мерка.

Од Катастарот најавуваат намалување и на дел други услуги како што се надоместокот којшто граѓаните го плаќаат за запишување на одредени права, како и намалувања во сегментот на користење на податоците од Агенцијата на катастер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…