Home Спорт Како домаќини се покажавме, сега уште да почнеме да играме фудбал: Македонија во друштво на Либерија и Намибија

Како домаќини се покажавме, сега уште да почнеме да играме фудбал: Македонија во друштво на Либерија и Намибија

Додека овие денови сите сме горди на успешната организација на Суперкупот на Европа, денес излезе новата ранг листа на ФИФА која не освести и ни покажа каде се наоѓа Македонија фудбалски!

Имено, Македонија назадуваше на новата ФИФА ранг листа за едно место и моментално се наоѓаме на 135-та позиција.

Колку е тоа место понижувачко за нас покажува и фактот што сега Андора е пред нас за цели 6 места, а на Македонија друштво и прават репрезентации како Либерија и Намибија.

Новата ранг листа донесе и промена на врвот, Бразил е нов лидер пред Германија и Аргентина. Во топ 10 уште се најдоа Швајцарија, Полска, Португалија, Чиле, Колумбија, Белгија и Франција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…