Home Живот и здравје ФОТО: Градник-пешкир хит за жените со големи гради!

ФОТО: Градник-пешкир хит за жените со големи гради!

Летото освен што нуди голем број предности, како што се уживањето, разголувањето, релаксираното однесување и честите ноќни журки, знае да предизвика и еден куп нелагодности и проблеми, благодарение на жешкото време. Со такви проблеми често се соочуваат жените со големи гради и мајките доилки, кои токму жештините им задаваат уште поголеми непријатности.

Но, токму за нив, младата дизајнерка Ерин Робертсон има вистинско решение, кое го нарече „Та-та пешкир“ или во оригинал Ta Ta Towel кој стана вистински хит.

Замислен е како заштита од протекувањето на млеко по доењето на бебе, но овој иновативен градник стана вистински хит и тоа не само кај младите мајки, туку генерално кај жените со големи гради.

Материјалот е растеглив и ги држи градите поткренати, па затоа е одличен и за трудници и доилки, бидејќи е мек и удобен. На Инстаграм може да се најдат бројни припаднички на понежниот пол кои се презадоволни од овој градник.

Stay cool and comfortable #poolside in the reversible floral #TaTaTowel loungewear.

A post shared by @tatatowels on

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Работи за кои не сте ни свесни сè додека не добиете бебе

Работи за кои не си свесен додека не добиеш бебе Без оглед на сите подготовки, секогаш пос…