Home Шоубизнис Шарлиз Терон открива: „Како помлада љубовно експериментирав со жени“ (видео)

Шарлиз Терон открива: „Како помлада љубовно експериментирав со жени“ (видео)

Актерката, при гостување во една емисија, беше прашана зошто било толку важно ликот што го толкува во „Атомска русокоса“ да биде бисексуален.

„А зошто да не? Чудно е што толку многу зборуваме за тоа. Требаше да биде нормализирано досега. Тоа е нешто што не е доволно застапено во филмовите. Сметам дека кога правите филм, а сакате да го прикажете општеството, тогаш општеството треба да го прикажете во вистинско светло“, рече Терон.

Кога ѝ беше поставено прашањето дали некогаш била со друга жена, таа одговори потврдно, појаснувајќи дека експериментирала како помлада.

Сепак, вели таа, ѝ станало повеќе од јасно дека ја привлекуваат мажи.

Актерката има долга историја на улоги во акциони филмови каде толкува силни жени. Покрај „Атомска русокоса“ кој во август доаѓа во Cineplexx, таа играше во „Лудиот Макс: Патот на бесот“ (2015 година), како и во „Прометеј“ (2012 година).

Во 2003 година, Терон доби Оскар за нејзината улога во филмот „Монструм“. Во сцена од „Атомска русокоса“, таа води љубов со колешката Софија Бутела.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …