Home Наука и техонологија „Лоши соништа“ – прекрасна „лесна“ песна

„Лоши соништа“ – прекрасна „лесна“ песна

Лоши соништа

Постои еден човек што сè знае за нас.
Постојат хартии во кои пишува што сме згрешиле.
Постојат компјутери што со наши имиња ги хранат.
Постојат пресуди што судовите веќе ги решиле.

Постојат фотографии на кои веќе нè нема.
Постои една жена што се преправа дека нè заборавила.
Постои една пратка за нас што ја зема
раката која не ги почитува поштенските правила.

Постојат луѓе што по нас на улица се вртат.
Постои пријател што без поздрав нè одминува.
Постојат скали што под непознати чекори чкртаат.
Постојат соништа што денот не ги расплинува.

Влада Урошевиќ

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…