Home Спорт Ѓоковиќ објави крај на сезоната!

Ѓоковиќ објави крај на сезоната!

Поранешниот светски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ денес потврди дека става крај на сезоната и нема да се појави на ниту еден турнир од крајот на годината.

Српскиот тенисер влечи повреда на лактот, па потврди дека има потреба од одмор.

„Одлучив да ставам крај на оваа сезона поради повредата на лактот која ја имам во изминатиот период. Одлуката ми паѓа доста тешко, но сепак, морам да го направам тоа. Се консултирав со лекарскиот тим, добив совет да ги пропуштам напорните турнири кои би можеле лошо да влијаат на мојата повреда“, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ од понеделник за прв пат после 10 години ќе падне на 5-то место на АТП листата!

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…