Скопје го доби својот Суперкуп сјај!


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


За 14 дена ќе започне долгоочекуваниот УЕФА Супер Куп 2017 на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Град Скопје детално се подготвува за овој голем настан и деновиве градот блесна во својот Супер Куп сјај.

Град Скопје ја организира„неутралната фан зона“ која ќе биде лоцирана на плоштад „Македонија“. Во оваа зона ќе се организираат голем дел од предвидените активности и ќе биде овозможена богата музичка програма со познати изведувачи и диџеи. За оваа зона интерес покажаа четири од осумте официјални партнери на УЕФА, интерес кој досега се нема случено на друг Супер Куп.

На 7ми и 8ми август активностите и музичката програма ќе започнат во 11.00 часот и ќе траат сè до 19.00 часот.

ФФМ и Град Скопје во пресрет на УЕФА Супер Купот 2017 со заеднички сили се претставија како едни од најголемите амбасадори на Македонија, со вложените напори и организација, главниот град да се претстави во вистинско светло за време на еден ваков голем спортски настан кој за прв пат се оддржува во државата.