Home Актуелно 12 и пол години затвор за педофилот обвинет за полов напад на ќерката од Весна Петрушевска

12 и пол години затвор за педофилот обвинет за полов напад на ќерката од Весна Петрушевска

12 години и шест месеци затвор доби човекот, кој пред речиси една година, изврши полов напад врз ќерката на актерката, Весна Петрушевска Бејби. Тоа го обелодени и самата Весна на својот „Фејсбук“ профил, и како што истакна, таа и нејзината ќерка извојувале голема победа.

„После точно една година борба, емотивни страдања, правен процес, денес имам јас и Мина голема победа! 12 години и 6 месеци казна! Ова е приказна која охрабрува и дека не треба да се кријат работите. Прво и прво и единствено е правото на детето!#стоппедофилија! Мина те сакам ти си мојот херој, лавице моја !Благодарам на поддршката“, напиша Весна Петрушевска на својот профил.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…