Home Актуелно Ер Франс ќе формира филијала за евтини нискобуџетни летови

Ер Франс ќе формира филијала за евтини нискобуџетни летови

Француската авионска компанија „Ер Франс“ соопшти дека ќе формира своја нова филијала за евтини летови под името „Жон“, но висината на цените на билетите и понудените линии ќе бидат објавени во септември, јави дописникот на МИА од Париз.

Летовите на средни дестинации ќе се извршуваат од парискиот аеродорм „Шарл де Гол“ почнувајќи од септември, додека летовите на подолги дистанци ќе бидат воведени од летото 2018 година.

Новата филијала ќе ја раководи Жан-Мишел Матјо, кој исто така станува член на Извршниот одбор на „Ер Франс“.

„Жон“ е нова етапа во развојот на стратешкиот план „Траст Тугедер“ и нејзиното формирање треба да ги намали трошоците и да ја зголеми рентабилноста на групацијата „Ер Франс“, информира генералниот директор на францускиот авиопревозник Франк Тернер.

Филијалата ќе треба да му овозможи на „Ер Франс“ да се соочи со конкуренцијата на нискотарифните авиокомпании од Персискиот Залив. Меѓутоа, „Жон“ нема да биде нискобуџетна авикомпанија, бидејќи ќе ги извршува услугите во согласност со стандардите на „Ер Франс“.

Новата компанија има за цел да ги привлече младите на возраст од 18 дп 35 години и во групацијата „ЕрФранс КЛМ“, „Жон“ ќе биде „помалата сестра која ќе треба да ги привлече клиентите за потоа да патуваат со постарите сестри“, се вели во соопштението на „Ер Франс“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…