Home Актуелно Вторничка временска прогноза

Вторничка временска прогноза

Претпладне облачно со повремен дожд и услови за ретки грмежи, особено во јужните делови.

Попладне врнежите ќе престанат, а најдоцна ќе се задржат на југот. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Минималните температури ќе се движат од од 9 до 15 степени Целзиусови, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе изнесува 4.

Во Скопје утре исто така сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, попладне и со зголемена облачноста. Температурата од 13 до 29 степени.

Од утре следува период на стабилно време со постојан пораст на дневната температура, која во деновите од викендот на повеќе места ќе надмине 35 степени. УВ индексот во наредните денови повторно ќе има многу високи вредности.

На средината на неделата краткотрајно ќе дува јужуне ветер, инаку ветерот ќе остане постојано од северен или североисточен правец.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…