Home Актуелно 20 август е денот кога ќе се одржи референдум во Валандово за Казандол

20 август е денот кога ќе се одржи референдум во Валандово за Казандол

Општина Валандово на 20 август годинава ќе спроведе референдум, на кој жителите ќе се изјаснуваат за продолжување или стопирање на работата на рударскиот комплекс „Казандол“, како и за тоа дали да се отворат нови рудници за металични минерални суровини.

Одлуката за референдумот денеска на итна седница ја потврди Советот на општина Валандово, информираат од иницијативата „Спас за Валандово“.

Ова е втора одлука за референдумско изјаснување на советниците на Валандово, откако претходно градоначалникот на Општина Валандово, Николче Чурлиновски, првичната одлука на Советот за распишување на локален референдум одлучи да ја запре.

Претходно на референдум Гевгелија и Богданци се изјаснија против отварањето рудници, а Дојран ќе се изјасни на 23 јули.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…