Home Актуелно Стопанска комора ќе поднесе иницијатива за продажба на алкохол после 19, односно 21 часот

Стопанска комора ќе поднесе иницијатива за продажба на алкохол после 19, односно 21 часот

Стопанската комора на Македонија денеска ќе поднесе иницијатива до минисерството за економија за изменување на законот за трговија со која се предлага укинување на обврската за поседување лиценца за продажба на алкохолни пијалоци и отстранување на ограничувањето во однос на работното време во кое може да се врши продажба на алкохолни пијалоци, рече Елена Милевска Штребевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија.

Иницијативата произлегува од барањата на компаниите членки на здружението на трговијата и здружението на земјоделството и прехрамбената индустрија при Стопанската комора на Македонија, рече Милевска Штребевска.

Според Стопанската комора на Македонија со примената на ригорозните ограничувања во трговијата со алкохол се нанесуваат големи финансиски штети на трговците на големо и мало, како и на компаниите од домашната индустрија за производство на ваков вид пијалоци.

Како што кажа оперативната директорка на Стопанската комора на Македонија, единствена ефикасна мерка од оние кои до сега биле применети е мерката за забрана на продажба и точење алкохол на лица под 18 години, оваа мерка нема да променета.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…