Home Актуелно Ахмети: Македонија во НАТО под привремената референца

Ахмети: Македонија во НАТО под привремената референца

Главни приоритети на новата коалициска влада на Македонија се решавање на долготрајниот спор со Грција за името и приклучувањето на земјата во НАТО под референцата „поранешна југословенска Република Македонија“, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, пренесува „Макфакс“.

Тој рекол дека решавањето на спорот за името е еден од најголемите приоритети.

„Ние сме соседи и нашата заедничка иднина е Европската унија. Грција мора да биде носител на факелот кој ќе нè води кон ЕУ “, рекол Ахмети и додал дека земјата би можела да се приклучи кон НАТО под референцата ПЈРМ, пред да започнат разговорите за решавање на спорот за името.

Ахмети рекол дека мора да се преземат чекори за да почнат работите да се движат.

„Мора да ги земеме предвид геополитичките прашања и да работиме напорно на пристапувањето на Западен Балкан, бидејќи придобивки ќе имаат сите“, рекол Ахмети.

Тој додал дека Македонија нема никакви територијани претензии кон Грција.

„Сакам категорично да нагласам дека Скопје нема никакви територијални претензии кон Грција и да ја уверам Атина дека Грција нема да се соочи со никаква закана од својот северен сосед“, рекол Ахмети.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…