Home Актуелно Трагедија во Бутел: Дедо си го уби внукот, па се самоуби

Трагедија во Бутел: Дедо си го уби внукот, па се самоуби

Дедо си го застрелал внукот, ги ранил својата сопруга и ќерката па се самоубил – крвава драма се случила попладнево во скопската населба Бутел 1.

Според информациите на полицијата, убиството се случило во 12.40 часот кога лицето П.Т. (84) со пиштол пукал во неговата сопруга П.Т., во ќерката Л.С. (58) и во неговиот внук Т.С (32). На лице место починал внукот, по што дедото извршил самоубиство.

Сопругата и ќерката се префрлени со возило на Итна помош во Ургентниот центар во Скопје. Се води истрага за причините за убиството.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…