Home Шоубизнис Украина скапо ќе ја чини тоа што не дозволи Русија да учествува на Евросонг кај нив

Украина скапо ќе ја чини тоа што не дозволи Русија да учествува на Евросонг кај нив

Европската радиодифузна унија соопшти денеска дека на украинскиот јавен сервис му одредила „значителна парична казна“ поради тоа што земјата и забрани на руската пејачка Јулија Самојлова да учествува на натпреварувањето за најдобра песна во Европа.

„Управниот одбор за напреварување (за песна на Евровизија) препорача Националната јавна радиодифузна компанија на Украина да добие значителна парична казна“, се наведува во соопштението од ЕБУ.

Портпаролот на ЕБУ Дејв Гудман не откри колкав износ е во прашње, но директорот на украинскиот радиодифузер Заруб Алсанија рече дека таа би можела да изнесува и 200.000 евра.

Украина и забрани учество на Самојлова поради тоа што таа настапувала пред руските сепаратисти на Крим.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…