Home Актуелно Од септември минималната плата се покачува на 12.000 денари

Од септември минималната плата се покачува на 12.000 денари

Од септември зголемување на минималната плата за 2.000 денари, најави министерот за финансии, Драган Тевдовски. Зголемувањето ќе ги опфати и вработени во текстилната и кожарската индустрија кои примаат плата помала од минималната. 

Во првата година зголемувањето ќе се финансира од буџетската каса. За растот на минималната плата во првите шест месеци од буџетот ќе бидат одвоени по еден и пол милион евра месечно, а во втората половина од годината владата ќе субвенционира половина од зголемувањето.

После првата година исплаќањето на минималецот ќе биде обврска на компаниите. Овој предлог денеска им го изложи министерот на претставници од стопанските комори.

Стопанствениците велат дека зголемувањето од 16 отсто не е голем товар за бизнисот. Инаку 120 илјади вработени примаат плата под 12.000 денари, или 20 отсто од вкупниот број на вработени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…