СЈО: До крајот на оваа недела ќе ве известиме за кои случаи ќе има обвиненија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи која денеска беше во Кривичниот суд кадешто го застапува обвинението за случајот шамарите во Центар кусо истакна дека до крајот на неделава СЈО ќе објави за кои предмети ќе поднесат обвинение. 

Иако има уште два дена до крајниот рок од 18 месеци во кој според Законот, СЈО може да поднесува обвиненија, Фетаи не сакаше дополнително да коментира до каде се истрагите за веќе отворените случаи.