Home Актуелно Трамп ја прекина традицијата: Нема веќе ифтар во Белата куќа

Трамп ја прекина традицијата: Нема веќе ифтар во Белата куќа

Претседателот на САД, Доналд Трамп не одржа ифтар вечера по завршувањето на Рамазан и на тој начин ја прекина долгогодишната муслиманска традиција во Белата куќа.

Претставниците на Белата куќа неколку месеци го планираа настанот, кој секоја година се одбележуваше под администрацијата на Бил Клинтон, Џорџ Буш помладиот и Барак Обама, но годинава тоа не се случи.

Ифтар вечерата првпат е организирана во Белата куќа во 1805 година, а од 1996 година стана традиција, на иницијатива на тогашната прва дама на САД, Хилари Клинтон.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…