Home Актуелно Џамија во Мосул крената во воздух од страна на Исламската држава

Џамија во Мосул крената во воздух од страна на Исламската држава

Милитантите на исламската држава уништиле со експлозив две минариња на џамијата Ал Нури во стариот гард Мосул каде што нивниот лидер Абу Бакр ал Багдади го имаше последниот настап во јавноста во 2014 година, соопшти ирачката војска.

Нашите сили напредуваат и стигнаа на 50 метри од џамијата Ал Нури, каде што џихадистите направија историско злосторство, кревајќи во воздух две минариња до неа, изјави ирачкиот генарал Дбуламир Јаралах. Во таа џамија Багдади во 2014 година прогласи калифат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…