Home Шоубизнис Крај на 40-годишната сексуална афера: Жената која го тужи режисерот за силување ќе го прекине судењето

Крај на 40-годишната сексуална афера: Жената која го тужи режисерот за силување ќе го прекине судењето

Жената, која беше силувана од Роман Полански кога имала 13 години, ќе побара од судијата во Лос Анџелес да го прекине судењето на францускиот режисер со полско потекло.

Саманта Гејмер која сега има 54 години, ќе се појави со нејзиниот сопруг во Врховниот суд во Лос Анџелес за да го поддржи барањето на режисерот, според кое тој веќе ја платил казната за своето злосторство извршено во 1977 година, изјави неговиот адвокат Харланд Браун.

Браун рече дека Гејмер е уморна од оваа афера, која трае веќе 40 години и сака да и стави крај.

Полански призна дека имал секс со малолетно девојче и поминал 42 дена во затвор, по што беше ослободен. Во 1978 година убеден дека судијата ќе го поништи договорот и ќе се обиде да го стави зад решетки за подолго време, добитникот „Оскар“ избега во Франција и до денденес се крие од американското правосудство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Колман Доминго за школските денови со Вил Смит: „Тој беше најпопуларен, а јас бев бубалица“

Колман Доминго и Вил Смит оделе во исто средно училиште во Филаделфија, но не биле пријате…