Home Вебкафе Научниците тврдат: Водата, сепак, има вкус и тој е…

Научниците тврдат: Водата, сепак, има вкус и тој е…

Иако постои општо прифатено мислење дека водата е течност без мирис и вкус, научници од Универзитетот „Калтек“ предводени од професорот Јуки Ока, тврдат дека водата всушност има вкус и дека тој е киселкаст.

Тимот на научници кои работеле на ова истражување ги проучувале сетилата на јазикот на глувците, при што дошле до заклучок дека тие на вода реагираат како и останатите течности со кисел вкус.

Продолжувајќи со истражувањето тие предлагаат водата да добие свој сопствен вкус напоредно со веќе познатите вкусови за слатко, кисело, солено, горко и зачинето.

Професорот Ока вели дека постои биолошка причина поради која телото веднаш го регистрира единствениот вкус на водата и дека тоа не е само интересна коинциденција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Список со задачи: како да го поминете септември

Почна септември, а прашањето е: колку нешта ќе направиш овој месец за себе, а не само за с…