Home Актуелно Црна Гора од вчера официјално членка на НАТО

Црна Гора од вчера официјално членка на НАТО

Црна Гора вчера официјално стана 29. членка на НАТО откако на церемонијата во Стејт департментот, делегацијата на Црна Гора, предводена од премиерот Душко Марковиќ, ги предаде инструментите за ратификација на Северноатлантскиот договор на американскиот потсекретар Томас Шанон.

Ветувањето за членство носеше со себе демократски вредности и почитување на владеењето на правото. Тоа значи дека треба да се спроведат тешки реформи и дека Црна Гора тоа го направи, и на тој начин стана членка. Ние исто така сме благодарни што Црна Гора ги презеде и финансиските обврски што ги носи членството, изјави Шенон.

Шенон истакна дека Црна Гора била доверлив партнер во мисии на НАТО.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…