Home Актуелно Серија терористички напади во Лондон

Серија терористички напади во Лондон

Три напади се случија во текот на ноќта во Лондон кои го претворија градот во сцена на терор и хорор. кои . Притоа, според полицијата, шестмина загинаа , а бројот на повредените е зголемен до 30 лица.Меѓу нив се и тројцата напаѓачи.Тие биле вооружени со ловечки ножеви. Межу ранетите во болницата е примен и еден полицаец.

Првоиот напад се случил околу 22 часот по локално време откако бело комби се обидело да прегази пешаци во централен Лондон. Инцидентот се случил во јужната страна на Лондонскиот мост.Лондонската полиција ги повика гриѓаните на смиреност и внимателност. Премиерот на Велика Британија Тереза ​​Меј го свика владиниот кризен комитет “Кобра”.
Очевидец соопштил и дека белото комби скршнало од патот по Лондонскиот мост и удрил пет или шест лица.

Постојат конфликтни информации за нападот во реонот на Бороу Маркет. Областа е блокирана од полицијата. Во реонот лебди хеликоптер. По барање на полицијата затворени се метрото и градскиот транспорт.Од Лондонското метро исто така соопштија дека возовите нема да запираат на Лондонски мост, како и на станиците Ватерло ист, Лондон Чаринг крос и Канон стрит.Од полицијата велат дека работат на инцидентот, но не посочија детали. Силите на редот се обидуваат да ги изведат луѓето од местото на инцидентот.

Репортер на Ројтерс во близина на местото соопшти дека видел 10 полициски автомобили како се насочуваат кон мостот.Медиумите јавуваат и дека имало и одделен напад со нож, но се уште нема никаква потврда за тоа. Мостот е затворен во двата правци.

Новинарката на Би-Би-Си, која во моментот на инцидентот била присутна на мостот, вели дека возачот на комбито возел со околу 80 километри на час.Премиерката на Британија, Тереза Меј изјавила дека ужасниот инцидент во Лондон се третира како потенцијален акт на тероризам.

Како што изјави заменик шефот на Скотланд Јард ,Марк Роули, загинати се 6 лица, а полицијата ги убила тројцата напаѓачи. Тие го насочиле со брзина од 80 километри на час минибусот- комби кон пешаците. Потоа продолжиле кон околниот пазар Бороу маркет каде слегле од Бусан и нападнале со ножеви луѓето. Биле застрелани 8 минути по првиот сигнал во полицијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…