Home Актуелно Стапката на невработеност во САД е 4,3 насто

Стапката на невработеност во САД е 4,3 насто

Стапката на невработеност во САД е 4,3 проценти, но пазарот на трудот додал само 138.000 работни места, што е под очекувањата на економистите, објави Вашингтон пост.

Економистите што ги консултираше интернет-страницата за вести од светот на финансиите Блумберг, проценуваат дека очекувањата биле нови 180.000 работни места.

Во време кога економијата во САД се наоѓа во стадиум каде секој што сака да најде работа може да најде, се погласни се повиците за зголемување на минималната сатница на национално ниво.

Најмногу нови вработувања има во здравствениот сектор, со 24.000 нови работни места во мај. Рударската индустрија придонела со нови 7000 работни места, што претставува голем скок во овој сектор од октомври 2016.

Просечната сатница има пораст од 2,5 отсто од претходната година кога изнесуваше 22, 36 долари.

Иако економијата надодава нови работни места со забрзано темпо, сепак изостанува драстичен скок на стапката на економски развој.

Повеќето аналитичари од берзите коментираат дека Федералните резерви најверојатно ќе предложат зголемување на каматните стапки на претстојната средба закажана за 13 и 14 јуни.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…