Home Вебкафе Оваа снимка Тито ја забранил за емитување, а причината е сосема неочекувана (видео)

Оваа снимка Тито ја забранил за емитување, а причината е сосема неочекувана (видео)

Снимката од говорот на Тито во 1975 година, која првин била забранета, а потоа и заборавена, повторно го привлекува вниманието на јавноста и тоа не само поради содржината на неговиот говор, туку и поради немирните пудли кои не престануваат да лаат додека тој говори.

За време на целото обраќање на Тито кон јавноста, кучињата не престануваат да лаат, а тој ги смирува, додека во еден момент целосно не го загуби трпението.

„Море марш!“, свикува маршалот и ја збрка една од пудлите која му се најде во близина.

Меѓутоа, како што пренесува „Дневни Аваз“, тоа не е единствената причина поради која Тито ја забранил снимката. Друга причина е изјавата за Италија, која „не била за објавување“.

Имено, Тито на своите сонародници им толкувал како Словенците во Италија имаат помали права од Италијанците во Словенија и Истра, велејќи дека за тоа е виновна неспособната италијанска влада, а некој од присутните рекол дека тоа не би требало да се објави.

„Тоа за Италија, бришете го од лентата“, вели Тито на крајот од снимката, а кучињата не престанаа да лаат до самиот крај на неговиот говор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Трејлерот за третата сезона на „Еуфорија“ конечно е објавен – еве што сè се знае досега

Росалија ќе се појави во гостувачка улога, а култната ХБО драма се враќа поцрна, позрела и…