Home Спорт Легендата Касиљас се сели во легендарен клуб!?

Легендата Касиљас се сели во легендарен клуб!?

Легендарниот шпански голман Икер Касиљас му истече договорот со Порто и сигурно нема да остане на „Драгао“. Во игра за неговиот потпис се неколку клубови, но големи се шансите да заврши на „Енфилд“.

Мадридски „АС“ наведува дека помеѓу двете страни е веќе постигнат договор, па тројниот освојувач на Лигата на шампиони би можел од следната сезона да се пресели во Премиер лигата.

Касиљас е легенда на Реал Мадрид и рекордер по бројот на настапи во Лигата на шампиони, а иако има понуди од Кина и Турција, наводно веќе одлучил да се пресели на „Енфилд“.

Касиљас има и титула светски шампоин со Шпанија и уште три шампионски титули во Примера, а доколку се пресели во Ливерпул и следната година ќе го гледаме на највисоко ниво – во Премиер лигата и Лигата на шампиони.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…