Home Спорт Енрике: Честитки за Јувентус, можат да ја освојат ЛШ!

Енрике: Честитки за Јувентус, можат да ја освојат ЛШ!

Тренерот на Барселона, Луис Енрике му честиташе на Јувентус за пласманот во полуфиналето од Лигата на шампиони и истакна дека „старата дама“ има тим за освојување на трофејот.

„Тоа е фудбал. Сакавме да играме со брз рита, да уптаиме многу удари во рамките на голот, но ни недостасуваше оштрина и завршница на акциите. Ова беше квалитетен натпревар помеѓу два многу добри тима. Секоја чест за Јувентус, искрено“, изјави Енрике.

Јувентус во двата натпревари против Барса покажа сериозен квалитет и не прими гол, што е секако импресивно.

„Јувентус има одличен тренер, фантастични играчи и се што е потребно за да ја освои Лигата на шампиони. Но, ќе има голема конкуренција меѓу полуфиналистите“, заклучи Енрике.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…