Home Шоубизнис Премиерата на филмот од Анџелина Џоли за Црвените Кмери ќе ја отвори кралот на Камбоџа

Премиерата на филмот од Анџелина Џоли за Црвените Кмери ќе ја отвори кралот на Камбоџа

Кралот на Камбоџа, Нородом Сихамони, на 18 февруари, ќе ја отвори премиерата на новиот филм од Анџелина Џоли, First They Killed My Father, кој се темели на мемоарите од едно девојче кое го преживеало режимот на Црвените Кмери.

Премиерата ќе се одржи во најголемиот комплекс храмови во Камбоџа, Ангкор Ват, а на неа ќе присуствува и кралицата Нордом Монинеат Сиханоук.

Мемоарите ги напишала Лоунг Унг, која била девојче во периодот помеѓу 1975 и 1979, годините во кои за време на владеењето на Црвените Кмери беа убиени два милиони жители на Камбоџа. Во своите мемоари Унг се потсетува на ужасите кои ги преживеала кога биле убиени нејзините родители и двете сестри, а опишува и како се спасила бегајќи со својот постар брат на Тајланд.

Џоли филмот го режираше на кмерски јазик во 2016 година, во Камбоџа. Нејзиниот најголем син, Медокс, Џоли го посвои токму во Камбоџа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…