Home Актуелно Потопло февруарско сефте

Потопло февруарско сефте

Ова прво февруарско утро го започнуваме со  температура која иако е претежно негативна, сепак е доста повисока во однос на претходните утра и има вредности не пониски од минус 3 степени.

Во југозападниот крај е претежно ведро, додека во централниот и источниот крај има појава на сосема саба сумаглица и и ниска облачност.

Во текот на денот југозападниот кра останува генерално посончев, а источниот регион пооблачне, но со услови за мало разведрување попладне.

Температурата денеска ќе има врености во границите помеѓу 2 и 5 степени речиси низ сите котлини, додека на југоисток максималната температура нема да надмине 7 степени.

Скопскиот крај утрово има појава на слаба магла и ниска облачност. Денот ќе измине во претежно облачно време. Максималната температура нема да надмине 4 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…