Home Актуелно Прва зелена обврзница во Франција тешка 7 милијарди евра

Прва зелена обврзница во Франција тешка 7 милијарди евра

Франција ја издаде својата прва зелена обврзница, собирајќи рекордни седум милијарди евра за финансирање на проекти во областа на обновливите извори на енергија. Обврзницата има рок на доспевање од 22 години и камата од 1,75 проценти.

Каматата е во ранг на стандардните обврзници, па во таа насока францускиот министер за финансии Мишел Сапен изјави: Ова покажува дека Франција може да финансира инвестиции во зелени проекти по иста цена по која ги издава стандардните обврзници.

Иницијативата за овој потег  е на претседателот Франсоа Оланд, кој е главниот заговорник на водечката улога на Франција во енергетската транзиција.

Посла е прва која излезе на пазарот на зелени обврзници, издавајќи ја во декември 2016 обврзницата со износ од 750 милини евра. Во минатото, вакви обврзници издаваа исклучиво компаниите и финансиските институции како Светска банка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…