Home Спорт Дортмунд му го „украде“ играчот на Реал – Исак потпиша за „милионерите“

Дортмунд му го „украде“ играчот на Реал – Исак потпиша за „милионерите“

Како што пренесуваат германските медиуми, шведскиот „вундеркинд“ Александер Исак е нов фудбалер на Борусија Дортмунд.

Шпанските медиуми тврдеа дека 17-годишниот напаѓач е на чекор од Реал Мадрид, но „новиот Ибрахимовиќ“, како што го нарекуваат во Шведска, на крајот заврши во Борусија Дортмунд.

Исак важи за еден од најголемите таленти во светот и веќе постигна гол за шведската репрезентација, со што стана најмладиот стрелец во историјата на Шведска.

Исак потпиша договор на 5 и пол години со Борусија Дортмунд, односно до 2022 година, а неговиот клуб АИК како обештетување ќе добие 9 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…