Home Спорт Со надеж за подобро: Македонија ја започна годината од 162 место!

Со надеж за подобро: Македонија ја започна годината од 162 место!

Фудбалската репрезентација на Македонија од 162-то место на ФИФА листата ја започна 2017 година.

Во однос на претходното рангирање Македонија ги задржа бодовите, 142, од минатиот месец и позицијата, 162-ро место, најлошо во историјата на македонскиот фудбал.

Од противниците во квалификациите за пласман на СП во Русија, полош рејтинг има само Лихтенштајн (188), додека останатите четири селекции се пред Македонија: Израел (55), Албанија (51), Италија (16), Шпанија (10).

Промени на почетокот на годината нема ниту во првите пет најдобри репрезентации. На листата лидер е Аргентина пред Бразил, Германија, Чиле и Белгија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…