Home Спорт Видео: Барса беше пред пораз, а потоа Меси направи „магија“

Видео: Барса беше пред пораз, а потоа Меси направи „магија“

Лионел Меси ја спаси Барселона од пораз на „Ел Мадригал“, против Виљареал, со голот постигнат во последната минута.

Барселона напаѓаше, упати повеќе удари кон голот на домаќинот, но не ја заслужи победата. Виљареал, одигра дисциплинирано, цврсто во одбраната, а константно се закануваше преку контранапади.

Сансоне во 49-та минута од тешка позиција успеа да ја затресе мрежата на Тер Штеген. Резултатот беше активен се до последната минута кога Меси постогна брилијантен гол од слободен удар.

Освоениот бод за Барселона е рамен на пораз бидејќи Реал има пет бодови повеќе и натпревар помалку.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…