Home Спорт Интер ја доби битката: Ѕвездата на Аталанта доаѓа во Милано!

Интер ја доби битката: Ѕвездата на Аталанта доаѓа во Милано!

Италијанските медуми пренесуваат дека Интер ја добил битката со Јувентус и го договорил трансферот на ѕвездата на Аталанта, Роберто Гаглиардини.

Гаглиардини е играч за врска која има 22 година и оваа сезона блесна во дресот на Аталанта, па готово сите големи италијански клубови беа заинтересирани за неговиот потпис.

Главната битка се водеше меѓу Интер и Јувентус, а последните информации говорат дека „нероаѕурите“ го договориле трансферот и за потписот на играчот ќе платат 27 милиони евра.

Гаглиардини важи за еден од најголемите таленти на Апенините, а Интер со овој трансфер само ја потврдува новата политика да се ориентира на италијански фудбалери.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…