Home Спорт ПСЖ не жали пари за ѕвездата на Фиорентина

ПСЖ не жали пари за ѕвездата на Фиорентина

Федерико Бернардески важи за еден од најголемите италијански таленти и со своите одлични партии го привлече вниманието на многу европски гиганти.

За него силен интерес веќе покажаа Интер, Милан, Јувентус и Челзи, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и богатиот Пари Сент Жермен.

Имено, француските медиуми јавуваат дека спортскиот директор на ПСЖ Патрик Клајверт веќе ги контактирал челниците на Фиорентина и е спремен да плати богатство за 22-годишниот крилен напаѓач.

„Виолетовите“ сигурно нема така лесно да го пуштат Бернардески и веќе спремиле нов договор со висока откупна клаузула, но следното лето Италијанецот најверојатно ќе ја промени средината.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…