Home Актуелно Минимален пораст на температурите овој четврток

Минимален пораст на температурите овој четврток

Без значајни промени во однос на претходните денови ќе помине и четврток. Претежно ведро, само локално со сосема мала облачност и онаа веќе добро позната заматеност на атмосферата низ колтлините, но послаба од претходните денови. Ветер ќе дува од север, но генерално слаб.

Наутро минималната температура ќе има вредност помеѓу -4°С и -6°С низ котлините и околу -8°С во малешевскиот крај. Очекуваме сосема мал пораст на температурата.  Таа ќе има максималната вредност помеѓу 4°С и 8°С низ поголем дел од котлините, а на југоисток околу 12°С.

Скопскиот регион очекува ведро време, но повторно со препознатливата заматеност на атмосферата. Наутро ќе биде  студено со минимална температура која ќе има вредност околу -6°С, додека вредноста на максималната температура ќе биде околу 7°С.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…