Теарце го има последниот збор – во недела прегласување за пратеник повеќе


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Теарце ќе го реши резултатот на предвремените парламентарни избори за тоа дали соодносот на пратениците меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе остане 51 наспроти 49 или ќе се израмни. 714 гласачи од гласачкото место 2011 што претставува само 0,00039 проценти од вкупниот број македонски граѓани со право на глас, на 25 декември ќе ја однесат конечната одлука.

Овие бројки доволно говорат за тоа дека гласачкото место 2011 во Теарце е клучно за двете најголеми политички партии во Македонија. Од една страна ВМРО-ДПМНЕ може да загуби пратеник со прегласувањето. СДСМ пак, може да добие еден пратеник повеќе во шестата изборна единица. Атмосферата во селото е секојдневна. Партиските штабови – отворени, а жителите во меѓусебни разговори ја ја коментираат одлуката за прегласување. Велат, селото иако со мал број на жители ќе биде пресудно за конечниот резултат на изборите.

Како што потврди и Државната изборна комисија прегласувањето на гласачкото место 2011 ќе се одржи оваа недела. Изборниот материјал до општинската изборна комисија ќе биде доставен 24 часа пред отворањето на гласачкото место.

За прегласувањето во Теарце ќе важат истите правила, гласачкото место ќе биде отворено во 7, а затворено во 19 часот. Набљудувачи ќе има од политичките партии но и од домашни и странски организации кои учествуваа во мониторирање на избирачкиот процес на 11 декември.