Home Актуелно Графолошкото вештачење кое го побара ДИК потврди – друго лице гласало за Фатием Сулејмани

Графолошкото вештачење кое го побара ДИК потврди – друго лице гласало за Фатием Сулејмани

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски на седницата која е во тек соопшти дека вештачењето на графологот кој го проверуваше потписот на Фатиме Сулејмани утврдил дека потписот не бил нејзин, односно дека некој друг гласал во нејзино име.

По ова, членови на ДИК предложени од ВМРО-ДПМНЕ побараа повторно во ДИК да се донесат претставниците на избирачкиот одбор и на Општинската изборна комисија и тие повторно да сведочат како дошло до оваа ситуација.

Инаку, Основното јавно обвинителство – Гостивар по допрен глас денеска оформил предмет и за наводите изнесени на вчерашната седница на Државната изборна комисија за гласањето на изборното место 0396/1 во Гостивар, за тврдење на едно лице дека му било оневозможено правото да гласа бидејќи некој претходно гласал во нејзино име, соопштија од јавното обвинителство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…