Home Актуелно Пешак прегазен кај село Гиновце – починал на лице место

Пешак прегазен кај село Гиновце – починал на лице место

На магистралниот пат Крива Паланка – Куманово синоќа е прегазен пешак кој починал на самото место.

Според инфромацииет од Министерство за внатрешни работи, несреќата се случила синоќа во 21 часот и 10 минути кога автобус марка ЕОС, со бугарски национални ознаки управуван од Ц.Ц , роден 1978 година, удрил во пешакот Г.М., роден 1963 година од село Гиновце.

Пешакот починал на самото место. Увид извршила екипа на Јавно обвинителство и Полициска станица од општа надлежност – Крива Паланка. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…