Home Вебкафе Хорор во Јапонија: Среде булевар се отвори огромен кратер (видео)

Хорор во Јапонија: Среде булевар се отвори огромен кратер (видео)

Огромна дупка се отвори среде булевар во близина на главната железничка станица во јужна Јапонија и доведе до прекин на сообраќајот во околната зона.

Дупката се отворила во близина на станицата Хаката во градот Фукуока на јапонскиот остров Кјушу во 5:15 часот по локално време и таа не престанала да се зголемува.

При уривањето, биле пресечени електрични кабли и дошло до прекин на електрината енергија на меѓународниот терминал на аеродромот во градот, кој е на два километри од железничката станица.

Властите почна евакуација на жителите на околните згради, откако се појавија информации дека може и тие да пропаднат. Во регионот се чувствува мирис на гас.

Се препотставува дека причина за инцидентот е изградба на подземна железничка мрежа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе

Напишете коментар

Check Also

Што открива кафето што го пиете за вашата личност?

ФИЛТЕР КАФЕ Лицата што пијат филтер кафе често се претставници на подзатворени или интрове…