90 отсто од новозаразените од КОВИД-19 во Скопје потекнуваат од 15 семејства


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во рамки на вчерашната, засега најнова статистика за новозаразени од коронавирусот во Македонија, од вкупно 101 лице, 59 заболени од COVID-19 беа од Скопје. Најмногу се во Чаир – 12 и во Центар и Бутел по 10, информира директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Арбен Зибери.

По пет новозаболени има во Аеродром и во Гази Баба, по тројца во Кисела Вода и Сарај, двајца во Карпош, и по еден во Петровец, Ѓорче Петров, Шуто Оризари и Студеничани. Останатите потврдени во Скопје не пријавиле адреси на живеење.

Според Зибери, најголемиот број на заразени во Скопје се членови на исти семејства. Регистрирани се 15 фамилии од кои потекнуваат 90 проценти од новозаболените во градот. Статиститката покажува дека најголемиот број од новозаболените се заразиле преку одење на гости, ручеци и вечери, односно преку поголеми собири.

Зибери кажа и дека одреден број од анкетираните контакти или заболени не им даваат точни информации на епидемиолозите.

– Многу често ни даваат лажни податоци, многу е важно луѓето да соработуваат и да бидат искрени во одговорите затоа што така побрзо ќе ги најдеме контактите и ќе ги тестираме луѓето, рече Зибери за ТВ Телма.