Home Спорт 90-годишниот „супердедо“ падна на допинг тест!

90-годишниот „супердедо“ падна на допинг тест!

90-годишниот американски велосипедист Карл Гроув, повторно е во центарот на вниманието, но овој пат поради позитивен допинг тест.

Гроув во јули претходната година триумфираше на „Мастерс трак“ во спринт, со постигнат светски рекорд во таа старосна категорија, меѓутоа сега е откриено дека користел недозволени супстанции.

Американската антидопинг агенција соопшти дека се пронајдени недозволени дози на епитренболон во неговата крв, поради што му е одземан медалот и поништен рекордот.

„Гроув беше позитивен на епитренболон, кој е забранет за употреба, покажаа анализите од истражувањето“, соопштија од антидопинг агенцијата.

https://twitter.com/AntiDopingWorld/status/1081519840274403328

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…