Home Актуелно 880 милиони евра казна за шведскиот гигант Сканија

880 милиони евра казна за шведскиот гигант Сканија

Европската комисија го казни шведскиот производител на камиони Сканија со 880 милиони евра поради местење цени.

Комисијата наведе дека, Сканија 14 години договарала со други производители за цени на камиони како и поради пренесување трошоците за нови технологии за пониски емисии на гасови на потрошувачите.

Сканија е казнета откако останатите од картелот МАН, ДАФ, Дајмлер, Ивеко и Волво/Рено постигнаа договор за подмирување со ЕК, додека Сканија тоа го одби.

Ецвропската комесарка за конкуренција Маргет Вестагер изјави дека со денешната одлука е завршена истрагата водена 14 години. Таа додаде дека картелот производители на камиони влијаел на голем број превозници во Европа откако беше установено дека девет од 10 средни и тешки камиони продадени во Европа ги прават Сканија и другите производители од картелот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…